ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град

Шилегов вети и не реализира почист воздух и повеќе зеленило, но затоа плаќа дупло поскапо за набавки на ствари и услуги со градски пари, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов вети дека ќе се справи со загадувањето, а еве 4 години нема направено еден проект и нема преземено една мерка.

Шилегов распиша оглас за субвенционирање на купување на инвертер клими на домаќинствата кои ќе се префрлат од греење со тврди горива, но субвенциите наместо кај граѓаните кои треба да заменат печка за инвертер отидоа кај граѓани од строгиот центар на градот, затоа што субвенциите се даваа по партиски клуч.

Наместо повеќе зеленило, сега имаме помалку зеленило, видовме по примерот со дрвјата на улицата „Орце Николов“ дека Шилегов само чека прилики за да го масакрира зеленилото.

Со Шилегов немаше ниту почист воздух. Спас за скопјани од нечист воздух изминативе две години беа само пандемијата и ограниченото движење, но овој проблем на голема врата ќе се врати, зошто ништо не е преземено.

Шилегов не умее да води гранапче, а не пак главен град на државата, СДСМ ги потценува скопјани.

СДСМ не нуди ништо ново. СДСМ ги нуди истите стари и истрошени кадри.

Време е Шилегов и неодговорните политичари да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

15.07.2021 - 09:19
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега