ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ветуваше тунели, чист воздух, а се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра

Петре Шилегов ветуваше препород на Скопје, а после 4 години неговата работа се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра со продажбата на Градската куќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
 
„Имено Шилегов сеуште молчи каде се парите кои ги доби од продажбата на Градската куќа на ЕВН која не ја изгради, туку ја доби изградена во наследство.
 
Значи Шилегов не беше ниту способен да ја всели, а не пак да изгради нова. Парите од продажбата ги нема, а Шилегов упорно не кажува во чии џебови завршија. Неговиот капитален проект беше сечењето на дрвата кај Орце Николов. 
 
Ги повикуваме институциите особено Обвинителството да проверат каде завршија парите од оваа зделка на Шилегов“ стои во партиското соопштение.
11.06.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега