ВМРО-ДПМНЕ: Скопје е во хаос - 10 литри дожд го поплавија Шилегов

Петре Шилегов не може да се справи со дожд, а не пак да реши проблеми на скопјани, денеска Скопје е хаос - велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение.

„Шилегов не треба да биде фараон, доволно е да биде градоначалник, кој ќе се справи со 10 литри дожд на метар квадратен. Скопје со Шилегов е поплавено од обичен дожд, како ли би изгледало од посилно невреме? Ако не крадеше милиони за противпожарни скали, ќе имаше и за решавање  на атмосферската канализација. 4 години нема направено ништо суштински. Нема еден проект. 4 години власт на Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

06.06.2021 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега