ВМРО-ДПМНЕ: Скопје и вечерва се гуши, а Шилегов два дена никаде го нема

Скопје и вечерва се гуши, а Шилегов два дена никаде го нема. Шилегов наместо да бара решенија и да работи на намалувањето со загадувањето ќе излезе од време на време на некој медиум и ќе каже дека Скопје добро се справува со загадувањето, а всушност народот се труе, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје.

– Петре Шилегов ги излажа скопјани дека ќе донесе алпски воздух. Воздухот во Скопје никогаш не бил повеќе загаден. Три години Шилегов го преспа мандатот и не направи ниту еден проект од значење за животната средина. Нема инвестиции во нови зелени површини, енергетско ефикасни објекти или друг вид на проекти кои ќе влијаат за намалување на загадувањето. Шилегов ги труе скопјани и го умира градот. Наместо за борба против ковид-19 или загадениот воздух Шилегов дава 200.000 евра за лампиони. Лампионот Шилегов нема чувство за интересите на граѓаните – велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2020 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега