ВМРО-ДПМНЕ: Со 90 пратеници, за четири години ќе се заштедат пари за две училишта, четири градинки или една амбуланта

Со 90 пратеници, за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, со 90 пратеници на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции.

-За 4 години со Собрание со 90 пратеници, што е за 30 пратеника помалку од сега ќе се заштедат околу 4 милиони евра. Тоа се пари кои наместо во плаќање на функционери со разни привилегии ќе се насочат кон народот. За само 4 години со 90 пратеници, 2 општини низ државата можат да добија по едно ново училиште. За 4 години со 90 пратеници, 4 општини ќе добијат по една градинка. Додека за истиот период може да се изгради и нова амбуланта. Со 90 пратеника на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

31.01.2022 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега