ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ, инфлација 50% поголема од еврозоната

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра.

„Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.

Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.

Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ“, оценуваат од опозициската партија.

Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија, како што велат, заостанува зад сите земји во регионот. Седум години власт на СДС и ДУИ, седум промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, додаваат од партијата на Мицкоски.

 
27.02.2024 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега