ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ Македонија само тоне и станува Колумбија од времето на Пабло Ескобар

Зоран Заев и СДСМ ја упропастија Република Македонија. Ветуваа 500 евра плата, а во реалноста истата е далеку под тоа, велат во соопштение ВМРО- ДПМНЕ како реакција на изјавата на Коста Петров

Од таму велат дека Зоран Заев и СДСМ ветуваа раст на БДП годишно од 5-7%, а немаме ни пола од тоа.

„СДСМ три години систематски ја уништува Македонија. Јавниот долг за 3 години надмина над 5 милијарди евра, а само оваа година заради лошиот менаџмент буџетската дупка ќе изнесува 1 милијарда евра.

СДСМ не работи домаќински, туку апашки. Буџетот го користат само за намирување на нивните апетити, за преку тендери да ги полнат сметките на ним блиски фирми.

Три години во Македонија нема здрава бизнис клима. Три години во Македонија картони за палење на коли дели Вице Заев, а братучед му Трајче одлучува кој бизнис може, а кој не може да работи.

Со СДСМ Македонија само тоне, и станува Колумбија од времето на Пабло Ескобар. 

 

Македонија заслужува подобро. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато. Одговорност мора да има.“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега