ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да каже каков криминал направила „Гисеке и Девриент“

ВМРО ДПМНЕ го повикува, технички назначениот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски да и соопшти на домашната и меѓународната јавност зошто германската компанија „Гисеке и Девриент“ испечатила македонски возачки дозволи со ист сериски број?

Технички назначениот министер Спасовски, согласно истрагат која кажа дека ја иницирал, напомена дека е можно да се работи за сериозен меѓународен криминал. Оттаму и домашната и меѓународната јавност очекуваат истиот да биде поконкретен во сериозните обвинувања и да објасни по чија наредба германската компанија „Гисеке и Девриент“ се вклучила во транснационалниот криминал.

Господинот Оливер Спасовски треба да одговори дали побарал помош преку Интерпол за спроведување на меѓународна истрага против германската компанија и расчистување на нивните мотиви за криминал со обрасците за македонските возачки дозволи.

Доколку Оливер Спасовски не ги одговори овие прашања, само ќе ги потврди претпоставките дека тој не е технички назначен министер туку дел од Фабриката за афери на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ бара Оливер Спасовски еднаш да биде конкретен и да каже за каков криминал ја товари германската компанија излегувајќи со конкретни докази против одговорните во компанијата. Во спротивно, Спасовски исто како и неговиот лидер Зоран Заев, со своите ниски манипулации ќе и нанесат уште еден срам на Република Македонија во односот со нејзините меѓународни партнери.

Германската компанија „Гисеке и Девриент“ е меѓу светските лидери во областа со која се занимава со 160 години традиција. Оливер Спасовски има легитимно право да се сомнева дека компанијата која изработува лични документи и пари во десетици земји од светот, ја ризикува сопствената репутација и се нафатила со криминал со македонските возачки дозволи. Сепак, Оливер Спасовски има обврска да излезе со докази против германската компанија и да каже каде, кому и зошто би се продавале бланко обрасци за македонски возачки дозволи во странство и кој е тука профитот на германската компанија?

 
 
15.01.2016 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега