ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши, регистарски таблички и лични карти нема за народот

Заев и Спасовски ја уништија државата, народот не може пасоши и лични карти да направи, а нема ни регистарски таблички, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали е вои прашање бизнис интерес што Спасовски дава пасоши на мафијаши, а пасоши регистарски таблички и лични карти нема за народот.

-Веќе подолг период наназад се создава голема гужва пред одделенијата за пасоши и лични карти на МВР, луѓе не можат да дојдат на ред да се сликаат за да изменат некој документ кој е со помината важност. Трпи правниот промет помеѓу граѓаните, трпат економските активности на голем број на луѓе, само затоа што Заев и Спасовски се неспособни.МВР нема ни доволен број регистарски таблички, веќе неколку недели граѓаните не можат да дојдат до нови таблици. Што прави Спасовски и зошто се чека и по месец дена за управните служби на МВР да почнат да функционираат нормално, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека само во Македонија со Спасовски и Заев има пасоши за мафијаши и наркобосови, а нема за народот.

 

-Пасоши имаше за Седат Пекер, Босовите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан, шефот на Италијанската мафија, борци на ИСИС и стотина белосветски криминалци. Заев и Спасовски ги опремија сите криминалци со македонски патни исправи. Од Македонија имаат направено прибежиште за мафијаши. 4 години Заев и Спасовски, 4 години украден живот. Доста е, се наведува во соопштението.

09.06.2021 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега