ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е СДСМ да зборува дека се грижи за стечајците

Срамно е СДСМ да зборува дека води грижа и го решава проблемот со стечајните работници, се вели во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно е СДСМ да се фали дека со измените на Закон за стечајци ќе добијат месечен надоместок, бидејќи стечајните работници се појавија како резултат на претходните влади на СДСМ.

Сумата со која СДСМ се фали дека ја обезбедува за нив е мизерна и не може да обезбеди елементарна егзистенција.

Но, доаѓа крајот на сите овие погубни политики на СДСМ.

По 12 Април следува обновата на Македонија, која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе воспостави целосна грижа за сите граѓани во Република Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа