ВМРО-ДПМНЕ: Ставот на Пендаровски е како пластелин, под притисок се менува


Ставот на Пендаровски Стево е како пластелин, малку бугарски притисок и одма се смени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ај што велеше дека „ван памет“ било да се менува Уставот, па уште и тврдеше дека ставот на Бугарија за промена на Уставот е мешање во внатрешните работи на Македонија.

Пораките од Софија да се смени Уставот, па да почнат разговорите, според Пендаровски едно време беа преседан од невидени размери. 

Арно ама пластелин ставот на Пендаровски се смени, за жал на штета на македонските национални и државните интереси. Според неговите лични оценки, Пендаровски дозволи невиден преседан и мешање во внатрешните работи на Македонија. Тој беше избран и зема плата за да ги штити интересите на Македонија и суверенитетот и интегритетот на државата како негови уставни надлежности, ама ги заборави.

Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Брзо заборави што говореше и го смени ставот за 180 степени. Одеднаш стана главен поборник за промена на Уставот по барање и притисок на Бугарија. Со право народот вели дека немаме држава, со Пендаровски како претседател секој ден ја губиме, време е да ја вратиме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

13.03.2024 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега