ВМРО-ДПМНЕ: Субвенциите доцнат три недели, а не се исплатени и субвенции од 2017, 2018 и 2019 година

Реагирајќи на прес конференцијата на СДСМ, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека земјоделците очекувале прес конференција на која власта ќе каже кога ќе бидат исплатени субвенциите и зошто уште не се исплатени дел од 2017, 2018 и 2019 година и кој ќе понесе одговорност за тоа.

„Власта им должи на земјоделците, а никој не презема одговорност. Заев кој во 2016 година дојде на власт лажејќи дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи сега никаде го нема и ги остави земјоделците на маргините“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во писмената реакција стои дека со СДСМ земјоделците секоја година го фрлаат родот на буниште, во канал или езеро.

„Ако беше се розево како што тврди СДСМ немаше стотици тони производи секоја година да одат на буниште. Земјоделецот ги живее најтешките 4 години од својот живот. Со СДСМ нема една инвестиција, еден проект или мерка“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

18.07.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега