ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски

„Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност“. Оваа порака ја испраќаат од ВМРО-ДПМНЕ утрово во соопштение испратено до медиумите.

„Штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата.

Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали НЕСПОСОБНОСТА прогресирала или е статус-кво.

Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира“, се додава во соопштението на партијата испратена до медиумите.

 
24.09.2022 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега