ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на секој еден човек кој ќе зависи од организацијата на Заев-Цела Македонија ќе изгореше да не беа соседите

Аман Заев немој со математика, последен пат кога зема да сметаш Македонија ја задолжи за 3 милијарди, а од секоја легализација за м2 по едно евро зема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Заев.

Од партијата велат дека несериозна и обид за засмејување на јавноста е изјавата дека Авганистанците ќе ја чинат Македонија 74.000 денари.

„Дополнително уште по жално е кога Заев вели дека е подготвен да прими бегалци, а во исто време не може ниту вакцини сам да набави, па бара или чека помош од соседите и од КОВАКС системот.

Цела Македонија ќе изгореше да не беа стотиците пожарникари и противпожарни возила од Австрија, Словенија, Србија и Бугарија, се што направи Заев за гасење на пожарите е испраќањето на Јоцо Манго од Струмица во Гевгелија.

Сега истиот овој Заев тврди дека може да се справи со организирано примање на бегалци од Авганистан. Тешко на секој еден човек кој ќе зависи од помошта и организацијата на Заев.

Наместо да се лета со изјави колку е спремен подобро ќе беше да го реши проблемот со над 60.000 граѓани кои останаа без работа во последната години и над 5.600 фирми кои ставија клуч на врата заради неговите лоши политики“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

26.08.2021 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега