ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што беа 18.000 денари лани сега се 19.200

Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година.

Заради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани.

Таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби.

Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување.

Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

22.02.2022 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега