ВМРО-ДПМНЕ: Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Царовска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека учениците станале заложници на бизнис интересите на министерката за образование, Мила Царовска.

-Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата која предвидува укинување на учебниците. Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање на учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам, се вели во соопштението од опозициската партија. 

За партијата симптоматично е тоа што Царовска сѐ уште не открила колку пари ќе чини реформата на учебниците која се предвидува со новиот Закон за учебници.   

-Арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните. Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа. Во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

26.05.2021 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега