ВМРО ДПМНЕ утре ќе одржи протест против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре повторно излегува на протест. Како што информираат од партијата ќе се протестира против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици. Стартот на протестот е закажан во 18:30 а маршот ќе почне од пред Минситерството за правда а планирано е да заврши пред Министерството за информатичко општество и администрација.

„ Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб. Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место. Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики. За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев.“ – велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега