ВМРО-ДПМНЕ: Ветото е неспособност на Заев, колку побргу го увиди тоа, толку помалку ќе имаме загуби

Ветото за Република Македонија е неспобност на Заев, колку побргу го увиди тоа, толку помалку ќе имаме загуби, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и велат дека Заев е виновен затоа што  неговата непромислена политика на ветување на се и сешто тој ги ослаби македонските позиции трајно и не доведе во ситуација било кој да се осмели да бара што и да посака.

„Заев отвори проблем кај што го немаше. Пред Заев Бугарија немаше проблем, ниту помислуваше да бара од Македонија откажување од идентитетот, јазикот и историјата, бидејќи тоа е наше неотуѓиво право.

Зоран Заев во изминатиов период стави на маса теми за кои не се преговара. И со тоа и наштети на Македонија трајно.

Дополнително Заев освен на предавства не работеше на ништо друго.

4 години немаме никаквк реформи. Владеењето на правото е мисловна именка, администрацијата е партизирана, судството политизирано, а за бизнисите одлучува семејството на власт.

 

Македонија со Заев само тоне“ се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега