ВМРО-ДПМНЕ: Владата да им ги рефундира парите на граѓаните за вакцинација надвор од земјата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на како што велат неспособноста на Филипче и Заев, која според оваа партија, резултира со бројка од околу 20 илјади граѓани кои викендов се ревакцинирале, а некои и вакцинирале против коронавирусот во Србија, а некои и во Бугарија.

Во меѓувреме, велат од ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија три дена вакциналните пунктови беа под клуч.

„Се разбира дека ќе се под клуч кога има само вакцини за оние кои треба да се ревакцинираат, но нема за лица кои сакаат, ама и треба да се вакцинираат. А зошто Филипче би мислел дали граѓаните се вакцинирани, кога ќе стекнат имунитет, што во пресрет на евентуалниот четврти бран, па тој си има работа. Филипче си ангажира ПИ-ар, си плаќа од парите на народот за да му кажат како да се изрекламира, дека треба во личната промоција да вклучи и некое дете. Срамота! За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е тука исклучиво за граѓаните, затоа предлагаме Владата да ги компензира трошоците на македонските граѓани кои одат на вакцинација надвор од Македонија“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека на сите граѓани на Македонија кои плаќаат даноци тука, плаќаат здравствено осигурување тука, а имаат дополнителни трошоци за пат до вакциналните пунктови во соседните земји, владата треба да им ги рефундира трошоците.

„Тоа се трошоци настанати по вина на Филипче и Заев, затоа и треба да си ги платат. Доста Филипче и Заев мислат само на својата екипа и ги делат граѓаните на граѓани од прв ред и граѓани од втор ред“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

21.06.2021 - 09:18
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега