ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев ја турна Македонија во банкрот

Владата на Зоран Заев ја турна Македонија во банкрот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека на задолжувањата им нема крај, а капитални проекти нема. 

„Голиот популизам, манипулациите и „блескањето” резултираа и со поскапување на струјата од 7,5%, што ќе ги зголеми месечните трошоци на граѓаните кои и онака живеат во сиромаштија. 

 СДСМ и Зоран Заев смислија „брилијантен” план за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. 

 

Потребни се стабилни, цврсти и промислени потези кои ќе ја стабилизираат состојбата и ќе ја издигнат македонската економија, а не политичари кои единствен спас за сопствените грешки наоѓаат во кражба на сопствениот народ“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега