ВМРО-ДПМНЕ: Владата се задолжува 900 милиони за ДУИ да прави криминал, за таа цел бизнисмен близок до партијата станал сопственик на градежна фирма

Владата се задолжува 900 милиони за ДУИ да прави криминал, за таа цел бизнисмен близок до партијата станал сопственик на градежна фирма.

900 милиони евра кои ги најавува власта како ново задолжување се пари кои треба да поминат преку ДУИ. За таа цел во изминатава недела бизнисмен близок до ДУИ влезе во сопственичката структура на една стара македонска градежна фирма.

Овие 900 милиони евра ќе бидат наменети во поголем дел за проект кој подолг период го најавува ДУИ, а оваа градежна фирма треба да биде дел од тој проект. Така парите од задолжувањето ќе поминат преку луѓето на ДУИ.

Сите во иднина ќе плаќаме, за бизнисмените блиски до ДУИ да нижат огромни профити.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

06.05.2022 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега