ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши милиони за непродуктивни трошоци, а не им го дава заслуженото покачување на просветарите согласно колективен договор

Владата на СДСМ  со уцени, закани и манипулации го угуши штрајкот на просветните работници.
 
Владата на СДСМ наместо покачувањето кое им следи со колективниот договор дури во септмеври ќе ги покачува платите со помал процент. Како што инфлацијата расте, ова покачување нема да биде доволно ни за едно пазарење во маркет.
 
Владата на СДСМ ги лаже вработените во образованието дека покачувањето на платите ќе значи зголемена инфлација, а во исто време троши милиони евра на криминални физибилити студии, цвеќиња, мебел, службени возила и слични непродуктивни трошоци.
 
 
Владата која потроши 20 милијарди евра буџетски пари изминатите години не направи ништо за подобар стандард на граѓаните вклучително и за просветните работници.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

19.05.2022 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега