ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се грижеше за здравјето на граѓаните, Македонија немаше да биде прва по смртност во регионот од КОВИД-19

Заев и Филипче да се грижеа толку за здравјето на граѓаните немаше Македонија да е на прво место по смртност во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

Од партијата реагираат и велат дека владата да се грижеше за ситуацијата со КОВИД-19 немаше здравствениот систем да е пред колапс.

„Уште не е започната сезоната на грип, Македонија веќе има наплив на новозаразени од корона вирусот. Ако состојбата е алармантна денес, што може граѓаните да очекуваат за месец или два?! Македонија е единствена држава, која поради неспособноста на Заев и Филипче немаше крај на првиот бран на корона вирус.Бројката на новозаразени  не се намалува туку расте од ден во ден, и секој ден сме соочени со нов пик. 

За несигурноста која ја внесоа кај граѓаните, мора да има одговорност.“ стои во реакцијата на опозициската партија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега