ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски бега од носење на мерките кои треба да го заштитат стандардот на граѓаните и ќе го запрат поскапувањето на цените

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта и премиерот Димитар Ковачевски дека бегаат од носење на мерки кои треба да го заштитат стандардот на граѓаните и ќе го запрат поскапувањето на цените.

„Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат се повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држави носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно.
 
Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција.
 
Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок. 
 
Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и Коалицијта поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022. 
 
Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
03.06.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега