ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев е тендерашки картел

Македонија не може да се справи со епидемијата од корона вирусот поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Пак има трицифрен број нови заболени во едно деноноќие, односно 118 и 3 починати. Македонија надмина 13 илјади заболени што е 6 пати повеќе од тоа што го прогнозираше Венко Филипче.

Ова денеска преку писмено соопштение го истакнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека власта на Заев ја интересираат само криминални тендери, личното богатство и пари.

-Во услови кога пропаѓа една банка, министерката Нина Ангеловска ја интересирало како да ги повлече своите депозити. Заев ја издаде Ангеловска дека владата одамна пред пропаѓањето на Еуростандард банка знаела за состојбите, па така наместо да се интересира за друго министерката за финансии се занимавала со извлекување на 200 илјади евра додека сите останати ќе мора да чекаат стечајна постапка за да си ги добијат своите пари. Токму поради ваквото однесување на Ангеловска, јасно и станува на целата јавност како Македонија се задолжи за цела милијарда евра нов долг, а патем да нема никаква помош за стопанството, нема капитални инвестиции, нема заштита на стандардот на граѓаните. Нивната неспособност и неодговорност и терањето лични бизниси сега сите граѓани ќе го плаќаат со повисока цена на струјата за 7,5%. Власта на Заев е класичен  тендерашки картел со кој државата тоне, а тие се богатат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега