ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев во пресрет на новата учебна година нема никаков план и решение

Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од коронавирусот. Ниту на здравено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според партијата, до стартот на новата учебна година има уште еден месец, а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес.

-Затоа ВМРО-ДПМНЕ нуди конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата. Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потенцираат дека жалат што немало конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради што, како што велат, најголема штета им се прави на учениците.

-Но, за жал како и за многу други аспекти власта на Заев потфрли и во овој аспект и покажа целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност. Тие се организирани само кога се работи за криминалот, корупцијата и рекетот. Да се работеше за Луј Витон торби полни со милиони евра, снопчиња пари или пазар со правдата сигурно ќе беа организирани и брзо ќе најдеа решение. Граѓаните не заслужуваат власт на Заев, бидејќи со Заев Македонија тоне, а цвета криминалот, корупцијата и рекетот, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа