ВМРО-ДПМНЕ: Власта не сака да ги гласа мерките за помош на граѓаните и фирмита

ВМРО-ДПМНЕ предложи, СДСМ одби законите од т.н. петти пакет мерки со кои треба да им се овозможи помош на граѓаните и компаниите за да се справат со последиците од корона кризата да се разгледаат и изгласаат на посебна седница. Информацијата утрово ја потврди координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Откако денес на редовната координација, стана јасно дека парламентарното мнозинство нема да има 61 пратеник на седницата.

Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, денес предложивме да се закаже посебна седница на која што ќе ги разгледаме законите поврзани со финансиските мерки поврзани со корона пандемијата, на седницата да учествуваме и законите од 5от пакет мерки да поминат. Овој наш  предлог беше одбиен. Денес, стана јасно кој блокира во собранието, денес стана јасно на кои не им е грижа за здравјето на граѓаните и кои се занимаваат со политиканство и злоупотреба на здравствената криза.

Додека смртните случаи од корона вирусот се зголемуваат, и кога на очиглед на јавноста се покажа дека оваа власт е крајно неспособна да обезбеди вакцини и да го заштити населението, СДСМ, Заев и Филипче единствено што ги интересира е како да профитираат од оваа криза и си играат со судбините на граѓаните, играјќи игри во кои наместо да работат за граѓаните, економијата и стопанството, тие се занимаваат единствено со тоа на секој можен начин, да избегнат одговорност и да ја обвинат опозицијата.“ – рече Мицевски.

 Меѓу законите кои ВРМО-ДПМНЕ предложи да се издвојат на посебна седница се Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата, Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза, Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега