ВМРО-ДПМНЕ: Власта со неодговорното однесување ги доведе во прашање здравјето и економската егзистенција на граѓаните

Здравјето, но и економската егзистенција на граѓаните се доведени во прашање со неодговорното и нестручно однесување на власта. Политикантството не смее да го надвладее професионализмот и хуманоста кога е во прашање борбата за живот на нашите најмило. Зоран Заев и неговите функционери не смеат да ги казнуваат работниците и администрацијата за своите пропусти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој период кога Република Македонија се соочува со економска криза поради појавата на коронавирусот, најважно е да се применуваат мерки и да се донесуваат одлуки кои ќе помогнат економскиот пад да биде што поблаг и тоа да не се одрази на индустриските капацитети и стопанствениците преку отпуштање работници. Ситуацијата во која што се наоѓа државата е загрижувачка. ВМРО-ДПМНЕ предлага да не се крати од платите на администрацијата поради тоа што постојат многу семејства кои едвај го поминуваат месецот. доколку им се скрати од месечните примања тогаш тие ќе бидат на раб на егзистенција и ќе се соочат со проблеми.  Најголеми носители на товарот треба да бидат функционерите, олигарсите и оние кои можат да поднесат тоа, стои во партиското соопштение и се додава:

„Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ нуди неколку мерки и предлози кои Владата би можела да ги разгледа и усвои, меѓу кои:

–        Државата да покрие до 50% од бруто трошоците за вработените, по основ на нето плати и придонеси, а не само нето плати како што предлага СДСМ.

–        Владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки покрај тоа што се огромни трошоците на транспортните компании, а приходот е речиси еднаков на нула патарините претставуваат сериозно место каде што може да настане ширење на оваа пандемија.

–        Да се донесе одлука за укинување на сите давачки царински и даночни за набавка на здравствени маски, препарати и уреди потребни за справување со корона вирусот.

Покрај овие мерки, ВМРО-ДПМНЕ има план како да се прибават средства кои ќе бидат од помош во оваа ситуација“.

Покрај 600 милиони евра кои ќе се обезбедат преку позајмица од Светската банка, ММФ и странските банки, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, дополнително може да се обезбедат околу 400 милиони евра преку државни хартии од вредност кои ќе ги издаде министерството за финансии, односно пасивниот капитал да се претвори во актива.

-Тековно, банките на сметки во НБРМ имаат огромна ликвидност и дополнително од тоа, имаат 25 милијарди денари во благајнички записи, односно околу 420 милиони евра. Тоа се краткорочни хартии од вредност издадени од Народната Банка за повлекување на ликвидност од банките во услови на вишоци на ликвидност во банкарскиот систем. Кога овие средства ќе се додадат на оние веќе 600 милиони евра коишто планираме како држава да ги позајмиме доаѓаме до бројката од 1 милијарда, бројка која што е доволна за да граѓаните и стопанството првиот бран од кризата не го почувствуваат катастрофално. Република Македонија нема ниту време ниту простор за донесување погрешни одлуки. Владата треба да биде доблесна и да соработува во овие тешки моменти за македонската економија и македонските граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега