ВМРО-ДПМНЕ: Власта со т.н. „солидарен данок“, сака да ги одере фирмите, за да има повеќе пари за криминални тендери
Наместо да се бори против сивата економија, владата со новиот данок ќе земе арач од лојалните фирми на државата, кои си ги плаќаат редовно даноците, а со тоа дополнително ќе ја стимулира сивата економија. Ваквата мерка не е солидарност туку арамилук, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со новиот данок, каде е предвидено дупло оданочување на компаниите, не се опфатени компании, кои лани биле основани. Токму минатата година беа основани фирми, кои се занимаваат со продажба на струја и за краток период остварија милионски суми на добивка, а јавноста многу добро знае чии роднини и пријатели на функционерите од ДУИ и СДС ги основаа овие фирми. Истовремено, целта е да се соберат што повеќе средства од овие лојални компании, за да имаат Ахмети и Ковачевски тендер плус, во овие останати неколку месеци, да се нафатираат со уште некој милион плус, за нив и нивните роднини, стои во нивното соопштение до јавноста.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ веднаш по преземањето на власта, ќе го поништи овој штетен закон за компаниите и државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа