ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши милиони на нови возила, колачи и финансирање на своите фирми, 40 илјади нови невработени немаат ни за леб

Додека народот нема за леб во услови на корона криза, Радмила Шекеринска набавува колачи и вафли за 3,5 милиони денари. Оваа неспособна и мафијашка влада на Заев продолжува расипнички да ги троши парите. Затоа во Македонија 40 илјади луѓе останаа без работа, а истовремено Владата, преку министерството за одбрана, објавува оглас на 28.08.2020 за индустриски кекси, колачи и разни вафли во висина од 3,5 милиони денари.

Ова денеска го соопшти ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека без срам, како што ја нарекуваат, мафијашката власт на Заев, го осиромашува народот за сметка на својот луксуз и лично богатење.

- Ја поскапеа струјата за 7,5%, воведоа второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар, трошат рекорден буџет кој се собира од народот и ја задолжија државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци, а стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа. Економијата дури се гуши во неликвидност, приливот на даноци бележи двоцифрен пад, а мафијашката власт на Заев троши 3,5 милиони на вафли, 8,1 милион евра на возила, финансиска помош, грантови и субвенции на фирмите на владините функционери и десетици други скандалозни. Народот и стопанството со Заев само тонат, а власта се богати. Мандатот го дава народот, но мандатот народот и го зема. Заев доби мандат да ги решава, а не да ги создава проблемите. Оваа власт е изворот проблемот, а не решението и затоа ќе одговара, се вели во дописот од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2020 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега