ВМРО-ДПМНЕ: Во нашето седиште има една фотеља, во која Груби направи дупка од седење

 

„Очајот на власта на ДУИ и СДС е правопропорционален со лагите на Груби кои јавно ги измесува. Судејќи според последното интервју на Груби, очајот достигнал алармантно ниво. Конфузните и контрадикторните изјави на Груби се доказ дека е нервозен. Може да се прави паднат од Марс, но и врапците знаат дека стои позади секој поголем криминал или коруптивна зделка во Македонија и за тоа ќе има одговорност“. Вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со интервјуто на Артан Груби за Канал 5.

„Дополнително,  Груби сака намерно да заборави некои работи или истите да ги покрие со некои негови фикции. Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотеља, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата. Ако сака и ако е спремен може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и фалбите за другарувањето со Груевски и Мијалков?“, прашуваат од опозициската партија.

05.10.2023 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега