ВМРО-ДПМНЕ: За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе. Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште. Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово. Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје. Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупал имот тежок милиони.

-Време е да ставиме крај на политичарите печалбари, се вели во дописот.

 

16.09.2021 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега