ВМРО-ДПМНЕ за куќниот притвор на Катица: Криминалот ќе биде поразен на 12. април

Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ денеска околу куќниот притвор на Катица Јанева.

- Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони, велат од опозицијата.

Според нив, повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев.

- Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега