ВМРО-ДПМНЕ: За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС

Очекувана беше реакцијата СДС по паушалната изјава на Ивановска дека нема да отвори предмет за Ковачевски и аферата Броило, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Ниту не почекаа да ја добијат претставката за Ковачевски и броило, влијанието и вмешаноста во скандал тежок 26.000.000 евра, туку излегоа во јавност дека нема да отворат предмет, веројатно по допрен глас директно од Ковачевски.
Во услови на криза некој профитира, добива 26.000.000 евра, постои сериозна индиција за трговија со влијание, а ДКСК однапред крева раце, коментираат од опозициската партија.
 
Ова е уште еден во низата коруптивни скандали и спречување на борбата со корупцијата што ја втурна државата во кризи и сиромаштија. 
За многу кусо време јавноста ќе ја види спрегата на ДКСК со СДС, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
10.10.2022 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега