ВМРО-ДПМНЕ: За седум дена умреа 195 луѓе, ништо не е под контрола, затоа Филипче оставка веднаш!

Секој изминат ден, нов црн биланс во Македонија, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека за една недела умреа 195 луѓе поради неспособноста на Филипче, а здравствениот систем е во колапс и надвор од контрола. 

„Црните рекорди кои ги бележи Македонија во пандемијата од корона вирусот, под раководство на Филипче, никако да престанат. Во последното деноноќие починаа уште 24 лица, чиишто семејства се завија во црно, а од почетокот на пандемијата починаа 1.305 лица. Секојдневните статистики од министерството за здравство се повеќе од алармантни и загрижувачки. Четирицифрена бројка на заразени од КОВИД-19 во Македонија стана секојдневие. Главен виновник за целата ситуација во државата поради КОВИД пандемијата е Венко Филипче. Поради неговата неспособност од почетокот на пандемијата до денес, бројот на македонски граѓани кои се заразија од вирусот надмина 47 илјади, а над 1.300 ја изгубија битката“ стои во соопштението.

Партијата наведува дека овие алармантни бројки ни најмалку не го загрижуваат министерот Филипче. 

„Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота и очај.  Здравствениот систем е колабиран, исцрпени медицински лица, нема соодветна, а нема ниту терапија секаде. Граѓани умираат на пат до болница или во болничките ходници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. Што има таму, што неспособниот Филипче не може да им го обезбеди во јавното здравство? “ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега