ВМРО-ДПМНЕ: Заев да намали со нервозата- Талибански попис ние нема да признаеме

Заев да намали со нервозата, кога прави штетни работи за државата нормално е дека ќе буде фатен.Не е работата опозицијата да биде спокојна, туку да нема фалсификат каков што спрема Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

„Заев сака да спроведе попис без поширока консултација на јавноста и без да ги прифати предлозите на опозицијата. 

Според начинот на Заев Македонија ќе преброи 3 милиона жители. Без примена  а терминали за отисок од прст не може да се утврди реалната слика.

Пописот е есенцијална статистичка операција и е важен за државата Заев не смее да го спроведува на принципот на талибански избори, како што тераше до сега.

Талибански попис ВМРО-ДПМНЕ нема да признае“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега