ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците кои ја рушат владата

Губитникот Заев да оствари барем едно ветување, да си поднесе оставка и да престанат заканите кон пратениците кои ја рушат владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека девети ден, откако Заев требаше да биде заминат, а тој наместо да си поднесе оставка се крие.

-И додека се крие Заев, луѓе околу него, и тој лично вршат притисоци врз пратениците кои ја рушат владата. Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак. Колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ. Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата, се наведува во партиското соопштение.

09.11.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега