ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче чекаат вакцините да им паднат од небо

Премиерот на Албанија, Еди Рама соопшти дека доби 192 илјади од кинеската вакцина Синовак.  За Босна и Херцеговина има 50 илјади од вакцини од Кина. Во Македонија нула вакцини.

Oва утрово го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека голем број македонски граѓани се вакцинираат во соседството.

-Во меѓувреме, во Србија масовно се вакцинираат македонски граѓани од новинари, полицајци, за викденов одат и лекари кои се очигледно заборавени од Венко Филипче. Во Македонија нема ништо од вакцинација, ама има по неколку десеттина починати, бројката на новоинфицирани е четирицифрена. Премиерот Зоран Заев и ресорниот министер чекаат од небо да им паднат вакцини, за договори за набавка на вакцини ниту имаа, ниту имаат зафатени се со провозиите. Заев и Филипче ја направија Македонија црна точка на регионалната, како и на мапата на Европа и светот. За ова Филипче и Заев ќе одговараат, се вели во дописот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега