ВМРО-ДПМНЕ: Заев имаше шанса да држи економски лекции, но тој 3 години држи лекции за криминал

Зоран Заев имаше шанса 3 години да држи економски лекции, но тој држеше лекции за криминал, рекет и корупција. Македонија е на листата на најкорумпирани држави на Транспаренси интернешнл, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години наместо инвестиции гледавме рекет на бизнисмени, гледавме како Боки 13 во Луј Витон торба носи милиони евра за на крај да посочи дека тие рекетирани милиони завршиле кај Зоран Заев. Видовме како Ден Дончев става снопчиња со рекетирани пари во кожна чанта. Слушнавме како Црногорски бизнисмени даваат 300.000 евра мито за Заев и Рашковски. Зоран Заев е на врвот на пирамидата на криминалот во Македонија, порачаа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека три години наместо економски лекции Заев држеше лекции за местење на тендери.

-Заев политиката ја разбира како средство за лично богатење. На 15 јули овој криминал ќе престане, народот ќе избере Обнова за Македонија, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега