ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја донесе државата пред енергетски колапс

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира дека власта на чело со премиерот Зоран Заев ја донела Македонија пред енергетски колапс.

-Заев првин ги испразни езерата кои сега тешко се полнат и нема доволно вода за производство од поголем обем. Потоа тој го упропасти РЕК, за да може да прават тендери го заглавија единствениот копач на јаглен во вода, јаглен речиси и да нема ископано, се бројат денови кога ќе снема, се вели во дописот од опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта не направила стратегија на полето на енергетиката.

-Капацитетите се на минимум и не можат да одговорат на потребите на државата во состојба на зимски период. Недостатокот на енергија веќе неколку пати се покрива со буквална кражба од европскиот систем, која како држава според директорот на МЕПСО за еден месец ќе не чини околу 15 милиони евра. 15 милиони евра се пари кои се половина од добивката на МЕПСО за една година, и тоа потрошени за еден месец. Со вакво темпо Заев ја загрозува и работата на МЕПСО. Власта нема план како понатаму. Заев ја става државата во сериозна криза. Заев нема капацитет да ја реши кризата. Заев и СДСМ треба да си заминат, велат оттаму.

 

03.11.2021 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега