ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја донесе нацијата пред самоукинување

Зоран Заев ја доведе македонската нација пред обезглавување. Светски медиуми лиферуваат вести дека договорот со Бугарија кој Заев го води ќе резултира со прифаќање на бугарски корени на македонската нација и јазик, стои во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат дека Зоран Заев со своето недржавничко однесување ја донесе нацијата пред степен на самоукинување.

„Ниту една држава во светот нема забрана за национално самочувство, само македонската, затоа што Зоран Заев е премиер.

Зоран Заев се уште молчи како што молчи недели наназад и не кажува дали и кој е неговиот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.

Заев нема став исто како што немаше за ништо до сега. Затоа нацијата се соочува со катастрофи на секое поле.

Заев не покажа ниту менаџерски способности да се справи со КОВИД кризата, како здравствено, така и економски. Се што прави е само да удира по џебот на граѓаните за да го полни буџетот.

Македонија со Заев тоне“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега