ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја доведе Македонија во подредена положба со Бугарија, не е способен да го спроведува Уставот и да го почитува суверенитетот

Зоран Заев и СДСМ ја доведоа Македонија во подредена и понижувачка состојба со Бугарија. Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територија на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата, и ја клекна на колена, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија трпи закани заради Заев, кој, како што велат се откажал од македонското малцинство во Бугарија, и ги фрли во бунар чувствата на илјадници Македонци, а е жртва на измислени сценарија и режии со наводни проблеми со бугари во Македонија.

-Зоран Заев не е во способност да го спроведува Уставот и да го заштити територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија. Владеењето на Заев сериозно го поткопува принципот на суверенитет гарантиран со меѓународното право. Владата треба најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на државата. Владата треба веднаш да ги извести сите меѓународните претставници во Македонија, ЕУ и НАТО за однесувањето на Радев, во спротивно Заев ќе биде директно виновен за поткопувањето на суверенитетот на државата и ќе сноси одговорност во иднина, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПНЕ.

Оттаму посочуваат дека доколку Заев не реагира адекватно тој станува соучесник во дестабилизација на државата.

-Зоран Заев мора да знае дека за ваквото однесување и непостапување следува одговорност прво на избори, а подоцна и пред државата, велат од опозициската партија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа