ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја издаде Нина Ангеловска, Владата знаела за случајот „Еуростандард банка“

Зоран Заев вчера кажа дека знаел за „Еуростандард банка“ веќе година дена, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста.

Тие потсетуваат дека министерката за финансии Нина Ангеловска, кажала оти не знаела ништо во врска со банката.

„Ова е огромен скандал и манипулација со граѓаните. Кој лаже Заев или Нина? Доколку Нина навистина не знаела, тогаш во кое својство Заев знаел и како оделе податоците до него, кога директен учесник во процесот на макроекономијата е Министерството за финансии“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ од каде сметаат дека Ангеловска ја манипулира и ја лаже јавноста.

„Нина знаела и била должна да знае, согласно функцијата која ја извршува. Самиот факт што ги повлекла парите предвреме е доказ за тоа“, се наведува во соопштението во кое се додава дека Ангеловска мора да сноси одговорност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега