ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово

Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност, вели опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

-Токму затоа оставката е неопходна. Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев. Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина. Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагата, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека не смее да се дозволи неказнивоста да стане правило.
-Патот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност. Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо. Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно. Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

12.09.2021 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега