ВМРО- ДПМНЕ: Заев продолжуваат со негрижата за здравјето на граѓаните

СДСМ и Зоран Заев продолжуваат со негрижата за здравјето на граѓаните, велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата нагласувата дека Заев од опозиција ветуваше експресно решавање на проблемот, а сега од позиција носи популистички мерки од кои никој нема да има придобивка.

„Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка мерка, бидејќи истата ќе биде достапна само за жители на неколку градови и определен број на граѓани.

СДСМ потроши три години а притоа не превзема ниту една мерка за да го спречи проблемот со загадувањето, затоа мора да си замине што побрзо тоа подобро и за државата и за граѓаните.

Многу наскоро доаѓа обнова на Македонија“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега