ВМРО-ДПМНЕ: Заев се плаши од избори зашто знае дека по нив ќе одговара пред законот

Зоран Заев се плаши од избори на кои граѓаните слободно ќе можат да се изјаснат и да го испратат во историјата. Заев бега од предвремени избори затоа што знае дека губи. – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев се плаши од избори затоа што знае дека губи, а по промените ќе има одговорност за криминалот кој го правел.

400 милиони евра криминал во „Еуростандард“ и „ШИК Јелак“, аферата „Рекет“, авантите при набавките за М НАВ и „СарХемс“, се само дел од аферите за кои нема никаков случај, затоа што судството е под контрола на Заев.

По промената на власта и ослободување на судството одговорност ќе има.

Власта ја кочи набавката на фингерпринт терминали за локалните избори затоа што се плаши од избори на кои можноста за нерегуларности ќе се сведе на помала веројатност. Заев знае дека нема да може да прави бугарски воз, како што тоа го правеше, ниту ќе може да гласа на секои 5 секунди.

Зоран Заев е свесен дека доколку се организираат фер избори ќе биде поразен од граѓаните и со сите сили се бори против промените.

Зоран Заев е навикнат да оди на избори со поткуп, притисоци и закани, но сите негови методи испливаа на површина и на народот му е преку глава од истите.

Зоран Заев е исплашен затоа што знае дека ако остави да се организираат фер избори ќе изгуби и ќе треба да се соочи со одговорност за милионскиот криминал, рекет и корупција“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега