ВМРО-ДПМНЕ: Заев секојдневно смислува нови лаги, казната следува на изборите

Измамникот Зоран Заев е во паника и тоа оправдана. Знае дека неговите лаги, криминалот и корупцијата ќе бидат казнети на 12-ти април, а после секој ќе мора да понесе одговорност за злоделата што ги правел, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Васев од СДСМ.

          „Измамникот Зоран Заев не може да сфати дека некој може да води принципиелна политика водејќи се од интересите на сопствениот народ и држава. Измамникот Зоран Заев мисли дека сите се како него.

          Граѓаните гледаат дека не е така и без разлика што измамникот Заев секојдневно смислува нови лаги, казната следува на изборите“ Стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега