ВМРО-ДПМНЕ: Заеви договараат одмазда кон неистомислениците и поткуп за оние кои ќе свиткаат кичма

Сите криминали на СДСМ и Заев излегуваат на виделина. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ.

- Ниедно празно соопштение од СДСМ не може да ги сокрие кривичните дела на Заев и неговиот брат. Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал. Италијанскиот медиум „Ла Верита“ уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев. Заев во 2014-та година како лидер на СДСМ и градоначалник во Општина Струмица заедно со неговиот брат Вице биле директни учесници во изборна корупција, изборен поткуп, закани, уцени и притисоци. Биле дел од изборен криминал, дело кое не е застарено, ова го велат ВМРО-ДПМНЕ.

Одговорност за ова ќе има, по 12-ти април Зоран и Вице Заев ќе излезат пред лицето на правдата. Правда по 12-ти април ќе има. А, граѓаните на Заев и СДСМ ќе порачаат никогаш повеќе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега