ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната
„Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната“, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку писмена реакција испратена до медиумите.
Оттаму велат дека Македонија е на дното во регионот и Европа гледано од перспектива на економски развој, заради Ковачевски поголем економски раст имаат и Косово, и Албанија и Црна Гора.
„Македонија со 2.5% економски раст кој го прогнозира ММФ е 80% послаба од Црна Гора која има раст од 4.5%, 60% послаба од Косово чија економија расте со 3.8%, и 50% послаба од Албанија која има раст од 3.6%.
Со оваа влада до крајот на годината над половина милион луѓе во Македонија ќе живеат во сиромаштија.
Потребни се коренити промени“, порачуваат од најголемата опозициска партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа