ВМРО-ДПМНЕ: Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта

Заради СДСМ и ДУИ Македонија има двоцифрена инфлација, таа не е увезена, туку создадена е од криминалот на власта.

Инфлацијата во Македонија е 10.5% цените ги изедоа платите на граѓаните. И народот е посиромашен сега во споредба со лани.

За инфлацијата придонесе покачената струја за 30%, која е покачена затоа што не се произведува дома, туку се увезува од надвор, а не се произведува затоа што власта крадеше во РЕК и ЕЛЕМ.

Покачено е цената на парното, затоа што власта не се обезбеди со евтин енергенс на време, како што го сторија тоа земјите од регионот.

Поскапен е лебот и брашното и до 100% затоа што годишно увезуваме и до 60.000 тони пченица, а увезуваме затоа што го уништија земјоделието.

Иста е причината и со зголемените цени на маслото за јадење, за чие производство сме зависни од увоз на нерафинирано масло од надвор.

Имаме инфлација затоа што власта е неспособна. Народот страда, затоа што функционерите во владата крадат.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
17.05.2022 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа